Мисија

МИСИЈА

Остварување долгорочна одржлива профитабилност на инвеститорите во фондовите и акционерите на Друштвото, преку обезбедување современа и високо професионална услуга во процесот на управување со средствата на клиентите.

ЦЕЛИ

Проширување и унапредување на работењето преку креирање на широка палета на инвестициски фондови кои во целост ќе ги исполнат очекувањата и барањата на инвеститорите од аспект на приносот и ризикот.

Развој и професионална надградба на вработените во насока на обезбедување врвна услуга во процесот на управување со средствата на клиентите.

Обезбедување лидерска позиција на македонскиот пазар на инвестициски фондови преку ефикасната синергија на основачите Комерцијална банка АД Скопје со нејзината долгогодишна традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација, и експертизата и искуството на странските партнери.

СТРАТЕГИЈА

Друштвото, во согласност со законските и подзаконските прописи, Статутот и Проспектот, самостојно донесува инвестициони одлуки за вложување на средствата на Фондовите во финансиски инструменти врз основа на темелни анализи и процена на пазарните движења. Строго контролираниот процес на инвестирање се темели врз фундаментална анализа на издавачи на хартии од вредност, како и макроекономски анализи и анализи на поединечни пазари и сектори.