КБ Публикум - Новости

ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УДЕЛИ ВО КБ ПУБЛИКУМ – АКЦИИ

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје известува дека на ден 1.4.2021 година јавниот повик за запишување на удели во oтворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Акции заврши успешно. Во периодот на јавниот повик за запишување на удели во фондот од 12.3.2021 година до 1.4.2021 година беа уплатени 59.572.364,00 МКД односно 967.682,35 ЕУР по среден курс на НБРСМ на ден 1.4.2021 година, со што беше исполнет законски утврдeниот минимален износ за отпочнување со редовно работење на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Акции.

Од 2.4.2021 година започнува редовното пресметување на нето вредноста на имотот на фоднот и вредноста на уделот. Продажбата на удели во отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Акции продолжува по завршувањето на јавниот повик, и тоа по цена која се утврдува според методологијата за вреднување на имотот на фондот и вредноста на поединечниот удел пропишана од страна на Комисијата за хартии од вредност на Р.С. Македонија.

Друштво за управување со инвестициски фондови
КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД СКОПЈЕ