КБ Публикум - Новости

Почитувани,

И оваа година КБ Публикум инвест АД Скопје ќе учествува на настанот по повод одбележување на Деновите на финансиска писменост. Истиот ќе се одржи на ден 28 мај 2019 година од 10 часот до 14 часот на платото на Министерството за финансии, каде свое учество со штандови ќе земат банките, осигурителните компании, друшвата за управување со инвестициски фондови и штедилниците.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да го посетат штандот на КБ Публикум инвест АД Скопје каде нашите вработени подетално ќе ги информираат за работењето на Друштвото и фондовите со кои управува.

КБ Публикум инвест АД Скопје