КБ Публикум - Новости

Драги пријатели и соработници, сегашни и идни клиенти,

Би сакале да Ве известиме дека овие новогодишни празници КБ Публикум инвест АД Скопје, средствата наменети за репрезентација и подароци за клиентите реши да ги донира за купување на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје.

Се надеваме дека со оваа донација ќе допринесеме во унапредување и поддршка на јавното здравство во Македонија.

Со љубов ❤

КБ Публикум инвест АД Скопје