КБ Публикум - Новости

Почитувани клиенти,

Со задоволство ја споделуваме информацијата која за КБ Публикум инвест АД Скопје претставува позитивен импулс и уште една потврда во поддршката на нашиот најголем акционер Комерцијална банка АД Скопје во долгорочната перспектива и успех на нашето работење.

Согласно извршените промени запишани во Централниот депозитар на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје се стекна со 99 акции и во моментов поседува вкупно 549 акции од КБ Публикум инвест АД Скопје со што учеството на Банката во вкупно издадените акции на Друштвото се зголеми на 78,43%.

Со Почит,

КБ Публикум инвест АД Скопје