КБ Публикум - Новости

Почитувани,

Согласно член 8, став 4, точка 4 од Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност потребни за основање и работа на друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови (Службен весник на РСМ број 85/2022 од 06.04.2022) Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје информира за следното:

  1. На Собранието на акционери на ГД Гранит АД Скопје закажано за 30.05.2023 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – МБИ 10 и отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Балансиран ќе гласа “за” за сите предложени одлуки;
  2. На Собранието на акционери на Македонска Берза АД Скопје закажано за 30.05.2023 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Балансиран ќе гласа “за” за сите предложени одлуки;
  3. На Собранието на акционери на Макпетрол АД Скопје закажано за 30.05.2023 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – МБИ 10 ќе гласа “за” за сите предложени одлуки;
  4. На Собранието на акционери на Раде – Кончар Апаратна техника АД Скопје закажано за 06.06.2023 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Балансиран ќе гласа “за” за сите предложени одлуки.

Со почит,

КБ Публикум инвест АД Скопје