КБ Публикум - Новости

Почитувани,

КБ Публикум инвест, како водечко друштво за управување со инвестициски фондови и годинава се приклучува на иницијативата “Инвеститорски ден” организирана од Македонска берза АД Скопје. 

“Инвеститорскиот ден” ќе се одржи во вторник, 13 Септември 2022 година и по тој повод сите еднократни уплати во било кој фонд со кој управува Друштвото на овој ден ќе бидат ослободени од влезна провизија.

Оваа недела ве очекуваме да одговориме на сите прашања кои ги имате во врска со вложувањето и да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор за вас. 

Срдечно ги покануваме сите заинтересирани да ја искористат оваа единствена прилика и да влезат во клубот на оние кои имаат сериозен поглед на иднината.

Иницијативата “Инвеститорски ден” има за цел поактивно да ја вклучи домашната инвеститорска јавност на пазарот на капитал, зголемување на знаењето за финансиските инструменти но и подобрување на инвестициската култура кај нас.

Со почит,

КБ Публикум инвест АД Скопје