КБ Публикум - Новости

Драги пријатели и соработници, сегашни и идни клиенти,

Во време на пандемијата од Ковид 19, кога светот е исправен пред сериозни предизвици, КБ Публикум инвест АД Скопје со големо внимание го следи развојот на настаните, обидувајќи се да ги воочи најранливите точки и да бара соодветни решенија.

Како општествено одговорна компанија, КБ Публикум инвест АД Скопје донираше 500.000,00 денари за Министерството за здравство, која ќе биде наменета за потребите на лекарите и медицинскиот персонал кои во овој период се во прва линија на одбрана од оваа глобална закана. На овој начин сакаме да дадеме поддршка на институциите во справување со кризата.

Остануваме активен учесник во креирање на мерки за заштита на нашите вработени и клиентите, бидејќи јавното здравје е одговорност на сите и зависи од сите нас. Почитувајте ги препораките на Владата и Министерството за здравство, останете дома, а надвор држете дистанца и носете заштитна опрема, заедно со позитивна мисла!

КБ Публикум инвест АД Скопје