КБ Публикум - МБИ10

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – МБИ 10

Податоци за ризичниот профил на Фондот

Индикатор на синтетички ризик

Низок ризик Висок ризик
<Понизок очекуван принос Повисок очекуван принос>
1 2 3 4 5 6 7

Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на инсториските податоци за движењето на цената на уделот.

Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:

Ризици поврзани со работењето Степен на влијание
Пазарен ризик Умерен
Кредитен ризик Низок
Валутен ризик Низок
Политички ризик Низок
Ризик од промена на даночни прописи Низок
Ризик поврзан со ликвидноста Умерен

Профил на инвеститорите во фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за период над 1 година.

Цели и инвестициона политика

Преку инвестициската стратегија се дефинираат основните финансиски инструменти во кои ќе се вложуваат средствата на Фондот и начинот на кој ќе се остварат неговите долгорочни цели. Фондот има за цел реплицирање на македонскиот берзански индекс МБИ 10. Стратегијата на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи високо ниво на ризик.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

КЛАСА А
Вложувања во акции на издавачи од Република Македонија кои се составен дел од македонскиот берзански индекс МБИ 10.

КЛАСА Б
Вложувања во државни должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија.

КЛАСА В
Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Македонија со рок на доспевање пократок од една година и вложувања во отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик, кои вложуваат исклучиво во депозити и должнички хартии од вредност, под услов да не наплаќаат трошоци за управување повисоки од 1% од нето-вредноста на имотот на Фондот;

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА А Б В
Мин. Мак. Мин. Мак. Мин. Мак.
КБ ПУБЛИКУМ МБИ 10 90% 100% 0% 10% 0% 10%

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Публикум – МБИ 10 во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000004065209.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Трошоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,25% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
  • Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,19%
  • Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%

Надоместок за издавање удели*

Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:

  • До 499.999,00 денари 1,5%
  • Од 500.000,00 денари до 1.499.999,00 денари 1,0%
  • Над 1.500.000,00 денари 0,5%

Трошоци за откуп и исплата

Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:

  • До 12 месеци 1,00%
  • Над 12 месеци 0,00%

Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 12 месеци од моментот на купување удели во Фондот.

* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.