КБ Публикум – Акции

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – Акции

Профил на инвеститорите во фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период над 1 година.

Цели и инвестициона политика

Преку инвестициската стратегија се дефинираат основните финансиски инструменти во кои ќе се вложуваат средствата на Фондот и начинот на кој ќе се остварат неговите долгорочни цели. Фондот има за цел да обезбеди широка диверзификација на вложувањата по земји, сектори и валути. Тоа значи дека најголемо учество во имотот на Фондот ќе имаат сопственичките хартии од вредност на издавачи од странство. Друштвото ќе настојува да обезбеди соодветна секторска и валутна изложеност врз основа на очекувањата за економскиот циклус, односно ќе применува активна стратегија на вложување.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

КЛАСА А

Вложувања во сопственички хартии од вредност без географски ограничувања.

КЛАСА Б

Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Северна Македонија со рок на доспевање пократок од една година;

Инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари, издадени од издавачи од Република Северна Македонија, како и државите членки на Европската Унија и ОЕЦД.

КЛАСА В

Вложувања во инвестициски фондови кои имаат специфична секторска и/или географска специјализација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5%.

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА

А

Б

В

Мин.

Мак.

Мин.

Мак.

Мин.

Мак.

КБ ПУБЛИКУМ Акции

60%

100%

0%

40%

0%

10%

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Публикум – Акции во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000004604529.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Трошоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од нето-вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот за денот кој претходи на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
  • Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%
  • Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,19%

Надоместок за издавање удели*

Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:

  • До 500.000,00 денари 3,5%
  • Од 500.001,00 денари до 1.000.000,00 денари 3,0%
  • Од 1.000.001,00 денари до 2.000.000,00 денари 2,0%
  • Од 2.000.001,00 денари до 3.000.000,00 денари 1,0%
  • Над 3.000.000,00 денари 0,5%

Трошоци за откуп и исплата

Надоместокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:

  • До 1 година 1,00%
  • Над 1 година 0,00%

Надоместок за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатува доколку се повлечат инвестираните средствата во рок пократок од 1 година од моментот на купување удели во Фондот.

* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.