НАДОМЕСТОЦИ
КБ ПУБЛИКУМ – БАЛАНСИРАН
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од нето-вредноста на имотот на Фондот.
Надоместокот на депозитарната банка се плаќа на годишно ниво во зависност од висината на нето-вредноста на имотот на Фондот, со примена на следниве стапки:
- До 500.000.000,00 денари 0,35%
- Од 500.000.001,00 денари до 1.000.000.000,00 денари 0,30%
- Од 1.000.000.001,00 денари до 1.800.000.000,00 денари 0,25%
- Над 1.800.000.001,00 денари
Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплатата, со примена на следниве стапки:*
- До 100.000,00 денари 3,5%
- Од 100.001,00 денари до 500.000,00 денари 3,0%
- Од 500.001,00 денари до 1.000.000,00 денари 2,5%
- Од 1.000.001,00 денари до 3.000.000,00 денари 2,0%
- Од 3.000.001,00 денари до 5.000.000,00 денари 1,0%
- Над 5.000.001,00 денари 0,5%
Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:
- До 1.000.000,00 денари 1,5%
- Од 1.000.001,00 денари до 5.000.000,00 денари 1,0%
- Над 5.000.001,00 денари 0,5%
Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средствата во рок пократок од три (3) години од моментот на купување на уделите во Фондот.
КБ ПУБЛИКУМ – ОБВРЗНИЦИ
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,5% од нето-вредноста на имотот на Фондот.
Надоместокот на депозитарната банка се плаќа на годишно ниво во зависност од висината на нето-вредноста на имотот на Фондот, со примена на следниве стапки:
- До 500.000.000,00 денари 0,35%
- Од 500.000.001,00 – 1.000.000.000,00 денари 0,30%
- Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,25%
- Над 1.800.000.001,00 денари 0,20%
Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:*
- До 150.000,00 денари 1,5%
- Од 150.000,00 денари до 300.000,00 денари 1,0%
- Над 300.000,00 денари 0,0%
Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:
- До 6 месеци 0,75%
- Над 6 месеци 0,00%
Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средствата во рок пократок од 6 месеци од моментот на купување на уделите во Фондот.
КБ ПУБЛИКУМ – ПАРИЧЕН
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,0% од нето-вредноста на имотот на Фондот.
Надоместокот на депозитарната банка се плаќа на годишно ниво во зависност од висината на нето-вредноста на имотот на Фондот, во износ од 0,20%.
Надоместокот за издавање на удели не се наплатува.
Трошокот за откуп и исплата на удели не се наплатува.
КБ ПУБЛИКУМ – МБИ 10
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,25% од нето-вредноста на имотот на Фондот.
Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот за денот кој претходи на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:
- До 1.000.000.000,00 денари 0,25%
- Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,22%
- Над 1.800.000.001,00 денари 0,20%
Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:*
- До 500.000,00 денари 1,5%
- Од 500.001,00 денари до 1.500.000,00 денари 1,0%
- Над 1.500.000,00 денари 0,5%
Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:
- До 12 месеци 1,00%
- Над 12 месеци 0,00%
Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средствата во рок пократок од 12 месеци од моментот на купување на удели во Фондот.
* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за откуп и исплата на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.