КБ Публикум - Новости

CRO INVEST

Осигурување со врзување за цената на уделите на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум - Балансиран управуван од КБ Публикум инвест АД Скопје

Во насока на создавање на оптимални финансиски решенија за нашите клиенти, КБ Публикум инвест АД Скопје во текот на ноември 2016 година отпочна соработка со Кроациа осигурување Живот АД Скопје. Со осигурителната компанија формиравме производ CRO INVEST кој има за цел да ви овозможи истовремено животно осигурување и вложување во отворениот инвестициски фонд КБ Публикум-Балансиран. На овој начин, вие добивате можност за многу подинамичен начин на управување на вашите вложените средства во полисата за животно осигурување. Основни предности кои ги нуди овој заеднички поризвод се:

  • Можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик преку професионално управување со средствата на фондот;

  • Во изминатите 4 години фондот остварува позитивни приноси на вложувањата во распон од 5%-15% на годишно ниво.

  • Можност за обновување на CRO INVEST осигурувањето после истекот на иницијално договорениот период на осигурување.

  • Намалени трошоци за управување со средствата доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија.

  • Осигурително покритие за осигуреникот во случај на смрт.