КБ Публикум - Новости

Почитувани,

КБ Инвест со задоволство објавува дека од 13 до 20 септември ќе го одбележи „Инвеститорскиот ден“. Во овој период, сите еднократни уплати до 1 милион денари во фондовите кои ги управува Друштвото ќе бидат ослободени од влезни провизии. Цел на оваа иницијатива е да се охрабрат новите и постојните инвеститори, да се решат за вложување во некој од нашите фондови и да ја искористат придобивката за инвестирање без надомест.

Зошто КБ Инвест е вашиот најдобар партнер за инвестирање?

- Разновидност на фондови: Нудиме широк спектар на фондови кои одговараат на различни инвестициски цели и нивоа на ризик.

- Професионално управување: Нашиот тим експерти е посветен на управување со вашите инвестиции и максимизирање на повратот.

- Доверба и транспарентност: Со КБ Инвест можете да бидете сигурни дека вашите средства се во безбедни раце и дека работиме во ваш интерес.

Не пропуштајте ја оваа можност да инвестирате без дополнителни трошоци! За повеќе информации, посетете ги нашите простории во центар, спроти Рамстор мол или едноставно јавете се на 02/ 3204 490.

Со почит,

КБ Инвест АД Скопје