КБ Публикум - Новости

Почитувани,

Согласно член 8, став 4, точка 4 од Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност потребни за основање и работа на друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови (Службен весник на РСМ број 85/2022 од 06.04.2022) Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје информира за следното:

- На Собранието на акционери на Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје закажано за 10.05.2024 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – Балансиран, а во насока на заштита на интересите на сите акционери, ќе побара одложување на Собранието со цел да се разгледаат подоцна доставените понуди кои се значително поповолни во однос на постоечката која е предмет на гласање (точка 2 од работниот дел, Усвојување на Одлука за одобрување купопродажба на недвижен имот опишан во ИЛ 58529 за КО Кисела Вода 2 на КП 1851/16, сопственост на РАДЕ КОНЧАР ЗАЕДНИЧКИ ДЕЈНОСТИ ДОО Скопје);

Со почит,

Друштво за управување со инвестициски фондови
КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД СКОПЈЕ