КБ Публикум - Новости

Почитувани,

Согласно последните измени на Законот за данок на личен доход кои ќе се применуваат од 1 јануари 2023 година, во продолжение би сакале да Ве запознаеме со најзначајните одредби кои влијаат на Вашите вложувања во удели во инвестициски фондови:

- Сите вложувања на физички лица во било кој фонд на КБ Публикум инвест вложени до 31 Декември 2022 нема да бидат предмет на оданочување со данок на капитална добивка. Данокот на капитална добивка ќе се применува само на вложените средства во удели по 31 Декември 2022 година и ќе се наплаќа по даночна стапка од 10% на остварената капитална добивка.

- За сите вложувања во удели по 31 Декември 2022 година, данок на капитална добивка ќе се плаќа доколку вложувањата се повлечат пред истек на 2 години од моментот на уплата.

- Доколку инвеститорот оствари капитална загуба од продажба на удели во инвестициски фондови истата може да ја искористи за пребивање на обврската за плаќање на данок на капитална добивка кај продадените удели во тековната година.

- При замена на удели од еден во друг инвестициски фонд со кои управува КБ Публикум инвест, не се плаќа данок на капитална добивка остварена од удели во инвестициски фондови се додека средствата остануваат вложени во удели.

Со почит,

КБ Публикум инвест АД Скопје