КБ Публикум - Новости

Драги пријатели и соработници, сегашни и идни клиенти,

КБ Публикум Инвест изминатите месеци будно ја следи состојбата со Ковид 19 пандемијата. Со секојдневно информирање дознаваме за начините и можностите за полесно пребродување на случувањата кои веќе се зад нас, но и да имаме сценарија за идните настани. Внимателно ги слушаме потребите на нашите инвеститори, но и на општеството во кое сите ние живееме и работиме.

Согласно своите определби да остане општествено одговорна компанија, Друштвото реши да се солидаризира и да помогне на државните институции. За таа цел, како додаток на веќе направената донација, во целост и предвремено е платен данокот на добивка за 2020 година во износ од 3,325,510 денари.

Актуелната состојба и справувањето со неа, е сечија борба но и придонес. Ние во КБ Публикум Инвест сакаме да го максимизираме својот придонес, да бидеме солидарни, одговорни и да помогнеме за што побрзо враќање во нормала.

Истовремено, упатуваме апел за почитување на мерките против Корона вирусот, носење заштитна опрема и држење растојание со луѓето, со што личниот придонес ќе го направиме колективна победа.

КБ Публикум инвест АД Скопје